„Срничките“ уживаа во звуците на музиката

Учениците од МБУЦ „Илија Николовски Луј“ неодамна ги посетија дечињата од градинката „Срничка“, објект „Бамби“ и ги запознаа со убавините на музичката уметност.

Дечињата имаа можност да уживаат во звуците на музичките инструменти, да гледаат балетска изведба и да танцуваат на народниот мелос. Ваквите музички активности се особено важни за децата од најрана возраст, бидејќи им помагаат да се развиваат, да го разберат светот кој ги опкружува, како и да ги искажат своите лични искуства и емоции. Нејзината едукативна улога е многу значајна, бидејќи влијае на детското мислење и однесување.