Српска црква во Австралија, претворена во џамија

Салата на Црквата Свети архиѓакон Стефан во областа Кизборо, во австралискиот град Мелбурн, претворена е во џамија, а православните икони во неа се прекриени со знамиња и мошти карактеристични за исламската религија.

Според тврдењата на српските верници во Австралија, кои се фотографирале во црквата и фотографиите му ги испратиле на Саша Савиќ, водач на српскиот огранок на мото-братството Ноќни волци, владиката Иринеј Добријевиќ и свештеникот Чедомир Видеканиќ црквените простории ги издале на користење на пакистанските и авганистанските исламски верници.

crkva-svetog-arhidakona-stefana-kizboro-australija-dzamija-1415142306-587026

„Ме повикаа браќата од Австралија кои се загрозени од оваа постапка. Сите заедно го креваме гласот против владиката Иринеј, кој поради пари добиени од издавањето на салата дозволи нашето свето место да се претвори во џамија. Да се разбереме, ние немаме ништо против исламската вероисповест, но нив не им е место во црквен дом кој го изградиле православните“, вели Савиќ.

crkva-svetog-arhidakona-stefana-kizboro-australija-dzamija-1415142330-587025

Тој додаде дека епархијата е изградена заблагодарувајќи им на верниците кои издвојувале доброволни прилози за овој проект.

„Скоро 40 години е градена оваа епархија, а верниците сега доживуваат богохулие. Се можам да раберам, но тоа дека некој ја продава верата за вечера никогаш нема“, вели огорчено Савиќ.

Инаку, владиката Иринеј веќе неколку пати бил во јавноста, а српските верници од Австралија истакнуваат дека во 2008 година бил поврзан со голем скандал со црквата. Имено, и медиумите тогаш пишуваа дека тој ја расшутирал црквената реликвија за време на кршењето на колачот за слава бидејќи не му се допаѓал домаќинот кој го допрел колачот пред него.

sasa-savic-crkva-svetog-arhidakona-stefana-kizboro-australija-dzamija-1415142306-587024

Се подготвува голем протест
Се бара итна смена на Владиката Иринеј

Револтираните православни верници најавија протести пред црквата во Мелбурн, на кој ќе се бараат владиката Иринеј што побрзо да биде сменет, вели Савиќ.

„На тоа богохулие, православните верници, не можат да останат мирни. Тие ќе закажат голем протест пред црквата и ќе побараат владиката Иринеј да биде променет. Ги посоветував да напишат протестно писмо и да го пратат во Србија“, нагласува Савиќ.