Српска елитна проститутка откри детали од нејзиното работење

Една од девојките која беше уапсена поради елитна проституција заедно со макрото М.М. во декември минатата година, во полицијата и пред надлежниот обвинител детално ја опишала својата „соработка“ со него, пишува српски „Курир“.

Таа навела дека со макрото се запознала во октомври 2013-тата кога го прашала дали може да почне да работи како проститутка.

-Се договоривме секојдневно во вечерните часови да пружам сексуални услуги. Сената на класичниот секс беше 150 евра за еден час и од тоа мене би ми останале околу 10о евра, а на М.М. му давав околу 50. Мене ми одговараше тој договор и почнав да работам веднаш. Во просек на неделно ниво имав околу седум работни задачи, вели таа и продолжува:

– Кога М.М. ќе ми најдеше работа, по СМС ќе ме известеше за хотелот и бројот на собата каде што треба да одам. Сексуални услуги пружав во хотелите „Москва“, „Лукс“, „Хајат“, „Фалкенштајнер“ и „Холидеј ин“, како и на различни адреси низ Белград, изјавила таа.

Како што појаснила, во хотелите одела поради секс со странски државјани, а во становите со Србите.

Таа исто така навела дека М.М. и дал и „службен“ телефон и објаснила дека сите вклучени во проституцијата ги менувале броевите секој месец. М.М. исто така ангажирал и секретарка која место него праќала пораки и ги известувала девојките за местото на состаноците и имињата на клиентите со кои би требало да се најдат.

-Со последниот клиент бев една недела пред да ме уапсат и тоа во хотелот „Метропол“, мислам дека клиентот беше Швајцарец. Имавме класичен секс за 150 евра. Тогаш на „работа“ отидов со такси, инаку најчесто ме возеше еден од двајцата возачи. Тие ме возеа со автомобилите што ги набавуваше М.М. .

Таа признала дека познава некои од девојките кои работеле за М.М. и кои и се попознати на јавноста, но рекла дека нема нивни телефони и дека со нив не се дружи приватно.

фото: Kurir.rs