Српска листа не учествува во консултации за конститутивната седница на косовскиот парламент

Српска листа нема да оди на консултации за датумот за оддржување на конститутивната седница на косовското Собрание, изјави во неделата претседателот на заедничката листа на Србите, Горан Ракиќ.

„Како претседател на Српска листа се заблагодарувам на поканата за консултации за датумот за одддржување на конститутивната седница на Собранието и можам да кажам дека Српска листа нема да оди на тој состанок. Пратениците на Српска листа ќе се појават на поканата за верификација на мандатите во согласност со законот, но не сакаме српските пратеници и српскиот народ да бидат меѓу чеканот и наковалната“, изјавил Ракиќ.

Претседателот на Српска листа истакнал дека, откако ќе биде познато името на мандатарот, ќе се извршат консултации со Белград и ќе биде донесена одлуката за евентуални коалиции.

„Подготвени сме за разговори, бидејќи дијалогот нема алтернатива, но подготвени сме и да ги вкрстиме политичките копја за да ја продолжиме политиката на мир, што ја почна претседателот Александар Вучиќ. Нас не не интересираат функции и бројот на министерски места, туку подобриот живот за Србите на Косово“, порачал Ракиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.