Балкан

Српска мафијашка пресметка во Валенсија

Српска мафијашка пресметка во Валенсија

Тројца српски државјани биле застрелани со снајпер вчера напладне во источниот дел на шпанскиот град Валенсија, а според медиумите во оваа земја, станува збор за професионален стрелец, пишува белградскиот весник „Ало“, рпенесува Нетпрес.

Еден од погодените бил тешко ранет во стомакот, додека останатите двајца минале со лесни повреди. Напаѓачот не е фатен и по него се трага.

Шпанските емдиуми објавуваат дека ранетите српски државјани се на возраст од 36, 38 и 46 години, а во нив било пукано од полуавтоматско оружје. Биле најдени пет чаури. Сведоци трвдат дека виделе човек, кој од голема оддалеченеост пукал во група Срби на раскрсница и дека му помагале две лица. Веднаш чим се чуле истрелите, до групата Срби дошло „ауди“, во кое дел од лицата се качиле. Ранетите, пак, запреле такси возило и се одвезле до Клиниката за итни случаи во Валенсија.

Тешкоповредениот бил веднаш однесен на хируршка интервенција, додека другите двајца биле погодени во раката, односно коленото. Тројцата се под силно полициско обезбедување во болницата.
Според соопштение до јавноста, испратено од шпанската полиција, сомневањата се дека станува збор за пресметка меѓу криминални групи. Исто така, се истражува дали оружениот напад е поврзан со тепачка, која истото утро се случило во еден бар во тој дел на Валенсија, а во која учествувале двајца мажи чиј опис одговарал на дел од оние кои учествувале во престрелката.
Неофицијалните информации, пак, велат дека станува збор за пресметка на криминални групи од источна Европа поради неуспешен шверц на дрога, бидејќи неодамна кај Канарските острови на едрилица биле запленети еден тон кокаин, а уапсени биле еден Србин и двајца Украинци.

Српски кирминален клан редовно во шпанската црна хроника

Веќе со години во Шпанија дејствува српски криминален клан, пишува „Ало“. Според весникот, во јуни, годинава, уапсен бил српскиот државјанин В.М. (35), со осум килограми кокаин и тоа во момент кога се обидувал да се качи на тракет за Ибица. Една година претходно, шпанските власти запленија повеќе од 800 килограми кокаин на една јахта, а приведени биле дури 16 лица, меѓу кои и еден Србин.

Прибежиште во Шпанија најдоа и криминалци од Србија по кои беше распишана меѓународна потерница. Така во февруари 2012 година во Валенсија уапсени беа Лука Бојовиќ, Владимир Милисављевиќ, Синиша Петриќ и Владимир Манојловиќ.

Бојовиќ и МИлисављевиќ беа на врвот на листата најбарани српски криминалци. Инаку, во Шпанија до апсењето во февруари 2013 година, престојувал и Ѓорѓе Прелиќ , осуден на 15 години затвор за нучество во убиството на францускиот навивач Брис Татун.