Српска манекенка доби неверојатно скап подарок од сопругот

Српска манекенка доби неверојатно скап подарок од сопругот. Судејќи по тоа дека суперјахтата, што има едноставно име – првата буква од името на неговата сопруга Александра, е со должина од еден и пол американски фудбалски терен, со три јарболи повисоки од статуата на слободата, може да се каже дека сопругот на српската манекенка воопшто не се штедел.

Имено, рускиот милијардер што се најде на листата на Форбс на 100 најбогати луѓе во светот, со богатство што се проценува на 9,2 милијарди долари, инвестирал 460 милиони долари за изградба на суперјахтата А, која што според првите компјутерски генерирани нарти се смета за најскапа јахта на светот, пишува Си Ен Ен.

Рускиот индустријалец се погрижил јахтата да го поседува најновиот дизајн со цел привилегираните патници за време на пловењето со оваа неверојатна скапа јахта да уживаат во погледот на морето.

Српско руската двојка ќе има можност со хеликоптер да слета на шестиот кат на суперјахтата, а потребни се 54 членови на екипажот за одржување на вакво пловило.

Според светските магазини Андреја Мељаниченко е несекојдневен визионер кој за разлика од другите сопственици на јахти што се стопуваат со средината, има храброст да креира иновација што во светот ќе се смета за голем изум, па сандра има причина повеќе да биде горда на нејзиниот сопруг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.