Српската академија за науки и уметности предлага создавање на комисија за изучување воени конфликти

Извршниот совет на Српската академија за науки и уметности (САНУ) соопшти дека предложила создавање на специјална комисија, која ќе се занимава со изучување на воените конфликти на територијата на поранешна Југославија, објави МИА.

САНУ оцени дека на Србија и е најпотребно да ја утврди и да се соочи со вистината, јави Танјуг.

Комисијата ќе се занимава со изучување на причините и состојбите, кои довеле до воени конфликти во поранешна Југославија.

– Непотребно е да кажеме колку се згрозуваме од злосторства, извршени само поради етничка припадност на жртвите. Сметаме дека тешкиот пат кон изнесување на фактите и приближување до вистината е најмалку што можеме да сториме за невините жртви, се вели во соопштението на САНУ.