Српската амбасада во Либија демантира дека е киднапиран лекар

Амбасадата на Србија во Либија, после интензивното проверување на веста дека во таа земја е киднапиран еден српски лекар, не доби никакви назнаки дека такво нешто се случило, изјави амбасадорот на Србија во Триполи, Оливер Потежица.

После веста дека во Либија бил киднапиран лекар од Србија, Амбасадата добила податоци дека станува збор за максилофацијален хирург и веднаш презела интензивни чекори на проверка на тие информации но се утврдило дека нема знаци дека некој лекaр во Триполи е киднапиран, рече Потежица.

Подоцна се појави друга информација, дека наводно е киднапиран некој наш лекар во близина на болница во место 50 километри југозападно од Триполи. Презедовме чекори и тоа да го провериме – нема ниту еден, според нашите информации, српски работник кој работи во таа болница, а според информациите од медицинскиот персонал од истата болница, нашиот последен работник кој работел во неа си заминал пред два месеци, додаде Амбасадата.