Српската амбасадорка во Македонија му додели благодарница на Иванов

Амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Двијак Томиќ му додели благодарница на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов за помошта што Македонија и ја даде на Србија која беше зафатена од поплави.

Благодарницата, како што рече, е мал симбол на големата благодарност за несебичната помош на Република Македонија за Србија.

– Чувствувам должност во оваа пригода да им оддадам признание на сите во Македонија кои им помогнаа на своите браќа во Србија, зацврстувајќи ги со тоа уште посилно нераскинливото традиционално пријателство меѓу нашите народи и држави, рече Дивјак-Томиќ.

– Ти благодарам Македонијо, Србија ова нема да го заборави, додаде таа.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.