Српската мисица нема да учествува на „Miss Globe“ во Албанија

Поради инцидентот што се случи во Белград на 14 октомври на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија, српската убавица го откажа учеството на  годишениот  избор „Miss Globe“ што ќе се одржи во северниот албански град Скадар.

– Причината ја кажаа самите, дека се плашат од евентуален инцидент во Албанија идентичен како оној што се случи во Белград. Но, од албанска страна им беше дадена гаранција дека сите девојки се безбедни и оти сите ќе имаат ист третман без оглед од која држава доаѓаат, од Србија или Хрватска или друга земја, изјави Алида Ценај, портпаролка на манифестација за Албанија.

Изборот „Miss Globe“е 41 по ред а во Албанија тој се одржува по единаесетти пат.

Според продуцентот на манифестацијата за Албанија, Петри Бозо, ова е последен избор кој ќе се одржи во оваа земја.

Учесничките пристигнуваат денеска, а финалната вечер ќе се одржи на осми ноември. Македонија ќе ја претставува Надица Димовска (19) од Скопје.

Овој интернационален избор за убавина по рејтинг е веднаш зад „Мис на Светот“ и „Мис Универзум“.