Српската новинска агенција „Танјуг“ ќе се приватизира

Српската новинска агенција „Танјуг“ нема да стане владино биро за комуникации, туку ќе биде приватизирана, пишува весникот „Данас“.

Весникот наведува дека „Танјуг“ нема да биде трансформиран, како што најави претходниот државен секретар во министерството за култура и информирање Драган Колариќ, туку ќе мора да биде приватизиран како и сите други државни медиуми до крајот на 2014 година.