Балкан

Српската опозиција предупредува дека на земјата ѝ се заканува опасност од населување со 600.000 имигранти

Српската опозиција предупредува дека на земјата ѝ се заканува опасност од населување со 600.000 имигранти

Претседателот на српската партија Двери, Бошко Обрадовиќ, на новинарите им го покажа одговорот на министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, на барање на известување од пратеник од партијата, на кој се гледа, како што кажа Обрадовиќ, дека нивните сомнежи и критики на односот на Владата кон мигрантската криза биле оправдани.

„За пет години во Србија евидентирани се 618.412 баратели на азил, од кои дури близу 500.000 од воено зафатените подрачја во кои делува Исламската држава: Сирија и Авганистан. Тоа беше и причина на одењето на народните пратеници од Двери на седницата на Советот на Младеновац каде е усвојуван локалниот акционен план за подобрување на положбата на мигрантите за периодот од 2017 до 2021 година“, рече Обрадовиќ.

Ги посочи земјите од коишто потекнуваат лицата кои бараат азил во Србија: Сирија 316.224, Авганистан 171.867, Ирак 79.165, Иран 12.018, Пакистан 11.081, Сомалија 6.188, Мароко 2.909, Еритреја 2.743 и Нигерија 1.067 луѓе.

„Барателите на азил во случај на недобивање на саканиот статус во земјите од Северна, Средна и Западна Европа и нивното исфрлување од тие земји, истиот би можеле да го добијат во Република Србија и со тоа да се стекнат со сите права кои Законот за азил им ги прижа, а кои скоро во ништо не се разликуваат од уставно загарантираните права на граѓаните на Република Србија, а до стекнување на правото на граѓанин на Србија би биле сместени во трајните азилантски центри, кои се планираат ширум Република Србија, изјави Обрадовиќ.

Како што кажа Обрадовиќ во овој момент во Србија се отворени 14 прифатни центри за прифаќање на мигрантите од Прешево до Суботица, од Шид преку Сомбор до Кикинда, во Обреновац, Белград, Пирот, Бања Ковиљача, Боговач…

„Во општината Александровац и во белградската општина Младеновац во тек се усвојувањата на наметнатите Локални акциони планови за подобрување на положбата на мигрантите, што укажува дека Владата на Србија има намера, под притисоците од Брисел, трајно да насели мигранти во празните српски села и на територијата на државата Србија воопшто. Воените касарни и одмаралишта за деца, како во Дивљани крај Ниш и во општината Бела Паланка се претвараат во центри за азил, изјави Обрадовиќ.

Како што потенцираше Обрадовиќ децата мигранти се интегрирани во нивниот образовен систен, што нема никаква логика. Тие деца според него треба да имаат образование во рамки на привремените прифатни центи, но не и интеграција во образовниот систем на Србија.

„Го повторувам клучното прашање на кое никогаш никогаш не добивме одговор: Зошто мигрантите кога ќе влезат на територијата на ЕУ, како што е Грција, повторно ја напуштаат ЕУ и наместо Бугарија, Романија и Унгарија да стигнат во своите дестинации, тие проаѓаат низ Србија за повторно да би имале проблеми со влегувањето на територијата на ЕУ? Дали власта на Александар Вучиќ има намера во наредните пет години од Србија да направи најголем азилантски центар во Европа, запраша Обрадовиќ.

„Сега разбирате зошто делегацијата на Двери бараше да присуствува на седниците на Советот на градската општина Младеновац и да праша зошто општината носи план за унапредување на положбата на мигрантите? Постои одлука на Владата на Србија во касарната во Мали Врбинци да се претвори во азилантски центар и сега во тек донесување на локалниот акционен план за унапредување на положбата на мигрантите во наредните пет години, а во рамки на тоа општината треба да одвои 2 милиони евра од буџетот на најсиромашните белградски општини. Зарем не е прво што би требало да се решава големиот број проблеми на младеновчани, а не мигрантите: Сигурен сум дека сите граѓани на Србија се загрижени поради ова и дека сигурно не сакаат Србија да стане најголем азилантски центар во Европа“, заклучува Обрадовиќ.