Српската полиција фати Македонец со 24 килограми хероин

Македонец фатен од српската полиција со 24 килограми хероин кој сакал да ги пренесе во Германија.  Дрогата ја сокрил во бункер под резервните гуми.

Според информациите од  локалните медиуми, дрогата била сокриена во автомобил со германски регистарски таблички со кое управувал германски државјанин од македонска националност. Тој патувал од Македонија кон Германија.

Српската полиција го фатила шверцерот на граничниот премин Батровци. Царинските службеници се посомневале дека нешто се крие во возилото, па автомобилот бил ставен на скенер. Во просторот под резервната гума бил пронајден професионално изработен бункер со две електрични брави.

Во бункерот биле скриени 24 пакети со хероин, а по деталниот претрес во другите делови од возилото биле најдени уште десет пакети.