Српската полиција откри 57 имигранти во Ниш

Припадниците на српската полиција во Ниш пронашле 57 илегални имигранти, кои побарале азил и биле испратени во центрите за азилнти, соопшти денеска нишката полициска управа.

Како што јави Танјуг, меѓу имигрантите имало 36 држвјани на Авганистан, 17 од Сирија, двајца од Сомалија и по еден од Пакистан и Јемен.

Според тврдењето на полицијата, илегалните имигранти биле откриени вчера.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.