Српската полиција откри дрога во вредност од еден милион евра

Граничната полиција на Србија, заплени уште една голема количина на дрога на граничниот премин Батровци, дознава Блиц. Запленети се еден килограм на кокаин, 34 килограми екстази и половина килограм амфетамин.

Се проценува дека запленетата дрога е во вредност од еден милион евра.

Наркотиците биле запленети кај турски државјанин со потекло од Нови Пазар, во автомобил со холандски регистрации.

Дрогата е откриена при влез во Србија.