Српската ракија добива пасош за мирен пат во ЕУ!

Произведувачите на српската ракија чекаат нов Закон за алкохолни пијалоци, бидејќи со усвојување на новите правила неопходно е ракијата да добие национална ознака за географска одредница.

Новиот Закон за алкохолни пијалоци, кој треба да го подготви Министерството за земјоделство во соработка со здружението на произведувачи на ракија, како и со стручњаците од Министерството за финансии, треба да обезбеди пасош, односно ракијата да добие национална ознака за географско потекло која ја отвора вратата на потекло во ЕУ.

И ЕУ побара измени на законот, но оставија доволно широки рамки за да се вклопат карактеристиките на домашните произведувачи .

Актуелниот закон кој се применува од 2009 година создаде многу проблеми и отвори пат за „сивата економија“ во производство на ракија.

Со овој закон како произведувач на ракија може да се регистрира само правно лице и поради нелојална конкуренција голем број произведувачи престанаа со производство.

Со почетокот на примената на законот, имале 2000 регистрорани произведувачи, а сега се околу 300. Со тоа се предупредува на губиток кај потрошувачите, бидјеќи не се знае квалитетот на ракијата која ја добиват. Државата губи поради тоа што не може да наплати значаен дел од данокот.