„Српската свадба“ на Северина и Игор (ФОТО)

Северина како невеста, Игор како младоженец – во романтична комедија со плескавици, кајмак и кромид – Мојата српска свадба“ – пишува на поканата која наликува на постер за филм.

Имено, хрватската пејачка Серевина Вучковиќ и Игор Којиќ ќе се венчаат на 22 ноември во 17 часот, а веќе смислија како ќе изгледа нивната покана за свадбата.

На свадбата која ќе се одржи во еден од хотелите во Белград ќе присуствуваат семејството, пријателите и колегите на познатиот пар а меѓу нив ќе биде и пејачката Нада Топчагиќ, која веќе се пофали на фејсбук.

Вака изгледа поканата за свадба на Северина и Игор:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.