Српската влада ќе одвои 8,7 милиони евра за фирмите од поплавените региони

Српската Влада ќе додели милијарда динари (8,7 милиони евра) од фондот за развој, за обнова на економијата во регионите погодени од поплавите.

Фирмите ќе може да ги користат тие пари под одредени услови за купување нови или ремонт на оштетени средства за работа, за обнова на објекти и за обртни средства.

Кредитите ќе се одобруваат до ниво на утврдената штета со рок на враќање од седум години за инвестиции и до четири години за обртни средства со камата од 1,5 отсто.