Балкан

Српската војска го продава оружјето

Српската војска го продава оружјето

Српското минитерство за одбрана планира да продаде над 480 тенкови и хаубици, 220 оклопни возила, над 20 илјади пушки и пиштоли. Министерството ќе продаде и голема количина на муниција и друга опрема.

Како што се наведува на сајтот на МО, се планира продажба на 282 тенкови Т-55 и окоу 220 оклопни транспортери M-60, M-80, BTR-50 и BTR-60 и противоклопни орудија POLO, како и 200 хаубици од 105 и 155 милиметри.

Ќе се понудат и околу 16.700 пиштоли со калибар од 7,65 милимиетри, околу 3.500 автоматски пушки М-70, 120.000 тромблонски мини и околу 1.500 ракети.

Се продаваат и над 1.100 противавионски топови од 20 и 30 милиметри, 5400 рачни фрлачи на ракте, минофрчали и безтрзајни топови, како и 26 повеќецевни лансери на ракети М-63.

На продажба се и три радари SNAR-10 и 140.000 парчиња разна муниција.

Право на учество имаат правните лица кои имаат законско право да се јават на ваков тендер, стои во соопштението на министерството.