Балкан

Српската Жандармерија на безбедносна проверка

Српската Жандармерија на безбедносна проверка

Против повеќе од сто припадници на Жандармеријата поднесени се кривични пријави по безбедносната проверка на речиси сите 2.000 припадници на елитната единица, објави МИА.

Половина од жандарите кои имаат кривично досие не е „сериозен безбедносен проблем“, бидејќи против тие лица поднесени се пријави поради сообраќајот.

Но, другата половина е окарактеризирана како проблематична. Српското Министерство за внатрешни работи наведува дека има и лица кои немаат кривични досиеја, но се лица со сомнителни контакти.

„Блиц“ повикувајќи се на српското МВР наведува дека припадниците на Жандармеријата кои имаат проблематична биографија ќе бидат прераспределени, согласно новата систематизација и оти строго ќе бидат определени нивните задолженија.