Српски актер најден мртов на клупа во Белград

Познатиот српски актер Михајло Заверла е пронајден мртов на клупа во Белград. Според податоците на српски „Курир“, 43-годишниот актер бил пронајден вчера рано наутро на клупа во парк.

Семејството не нашло никаква порака ниту писмо, не знае што се случило. Вели дека немал проблеми освен што во последно време тешко му паднало разделувањето од сопругата. Сепак, ништо не укажувало на тоа дека ќе се случи трагедија.

На телото на актерот нема траги на насилство, но сепак ќе биде извршена обдукција и се очекува таа да ги даде одговорите за смртта на актерот.

Тој неодамна сподели статус на Фејсбук од Иво Андриќ.

srpski-akter-status