Српски аналитичар: Носењето на Резолуција за наводен геноцид е вовед во целосна федерализација на Македонија- Заев тоа го прифатил

-Суштината на овој чин е Македонците да прифатат како поради овој наводен геноцид, Албанците вештачки, насилно се сведени да имаат статус на малцинство, па поради тоа треба да им го признаат статусот на Албанците како конститутивен народ. Тоа би било вовед во целосна федерализација на Макеоднија, што Заев и го прифати, пишува Ѓурковиќ.

За почеток, наведува тој, албанскиот јазик би се вовел како рамноправен со македонскиот на територијата на целата држава, а во Тиранската платформа се предвидува да се отвори дијалог за прашање како промена на симбилите, името, изгледот на новите банкноти и сите други идентитетски одлики.

-Заев и СДСМ прифатија да се укине досегашната држава Македонија како земја на македонскиот народ и малцинствата, и да отворат процес на нејзино редефинирање како бинационална држава што секако води кон федерализација, и да се подели на западен албански дел и источен за кој не би се знаело каква му е иднината. Овој тип на предавство засновано на глад за власт на какво СДСМ е подготвен, незамислива е дури и за нас кои овде се нагледавме се и сешто. Зоран Заев и неговата партија за да дојдат на власт прифатија да ја елиминираат својата држава, пишува Ѓурковиќ.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто за ХРТ на почетокот од март потврдува дека дел од договорот за коалицирање со ДУИ, што воедно е исполнување и на тиранската платформа со која се врши редефинирање на државата, е носење на резолуција за осуда на геноцид кој наводно бил направен врз Албанците минатиот век.

– Таму има една формулација, каде што се осудуваат војски од минатиот век, кои што убивале цивилно население. Нема ништо лошо во тоа. Некои алудираат дека тоа биле српски војски, некои викаат дека биле германски, некои италијански, некои бугарски војски, за времето на фашизмот, вторите балкански војни ии слично, вели Заев во интервјуто за ХРТ.

Историски потврдени факти се дека балистичкото движење кое за време на Втората светска војна било на страната на фашистите биле во судир со партизаните, кои ја создадоа асномска Македонија, и чиј судир продолжи по нејзното создавање. Втората власт која била во отворен судир со балистичкото движење чија цел било создавање Голема Албанија е српската власт, која била воспоставена меѓу двете светски војни. Практично, Заев признава дека прифатил да се осудат Србите и партизаните како геноциден народ.

Ова преставува голема навреда за партизанското движење и удар на асномска Македонија. Партизаните ако се прогласат за геноцидни, тогаш се негира и создавањето на асномската македонска држава.

-Ако се прифати таа теза дека е извршен геноцид врз Албанците, во период од 1912 до 1956 година. Што е АСНОМ? Фактурирање на една геноцидна политика, која се води кон Албанците и создавање на Макеоднците како вештачка нација. Тоа ли всушност сакаат да ни го кажат?, вели новинарот Васко Ефтов во својата емисија „Во Центар“.

-Претпоставувам ако навлезеш подлабоко да го анализираш прашањето ќе стигнеш до такво нешто дека се создала држава со цел да се доврши геноцидот врз Албанците на овие простори, вели историчарот Никола Србов.

-Ако е АСНОМ една фаза или сегмент на една геноцидна политика па 2001 година го бие АСНОМ, со преговорите за рамковниот договор, па оваа платформа го бие рамковниот договор со кој се бие АСНОМ. Тоа значи дека со оваа платформа треба да биде поништено се што од 1944 година е правено. Темелите да се уништат. Тоа значи дека во Македонија не живеат Македонци туку живеат граѓани. Тогаш ќе биде лесен влезот да биде формирана држава со име граѓанска Република Македонија. Кој живее во таа Граѓанска Република Македонија, граѓани на таа и таа држава, рече Ефтов.

-Ако се вратиме на платформата, ако ние сме геноциден народ, ако ние сме геноцидна држава и ако ние сме држава која извршила геноцид врз албанското население кое живее на територијата на Република Македонија тоа значи две работи, дека Албанците би биле многу многу побројни ако ние не би извршиле геноцид врз нив и втората работа тоа значи дека Албанците се тука староседелци, а ние сме окупатори и всушност ние како окупатори со поддршка на тогашната југословенска народна армија на структурите на удбана на кос, сме извршиле геноцид врз нив и дека ако тоа не сме го направиле тие всушност требале да формираат своја држава барем на пола од територијата од денешна Република Македонија. Ако ние сме измислица на коминтерната, ако според албанските, тоа се оние нивни тези кои ги пласираат по социјалните мрежи по одредени квази историски научни собири дека нели ние сме или нешто што наликува на Бугари или нешто што наликува на Срби и дека нема афтохтона македонска нација туку како они велат артифициелна македонска нација и макеоднски народ. Тоа значи дека, ако врз нив е вршен геноцид, а ние сме вештачки всушност они се господари на оваа територија, вели новинарот Васко Ефтов во вчерашната емисија „Во Центар“.

Тиранската платформа е вовед во распарчување на Македонија и темпирана бомба на Балканот

Коалицискиот договор меѓу македонските посткомунисти и албанските партии не е само вовед во распарчување на Македонија, туку темпирана бомба која се заканува да го запали целиот Балкан, анализира српскиот весник Политика.

Коалицискиот договор меѓу македонските социјалисти со албанските партии во Македонија е почеток во финализација на стратегијата настаната од Сојузот на Албанските племиња во Призрен во средината на 1878. Година, позната како Призренска лига, пишува српскиот аналитичар и главен уредник во „Национална ревија“, во Политика, Мишо Вујовиќ. Тој во својата колумна истакнува дека токму точката во Тирнската платформа со која СДСМ прифати да се осудат Србите за наводен геноцид над Албанците во период од 1912 до 1956 година не е случајност.

Според весникот, Тиранската платформа може да го разгори Балканот поради точката со која се предвидува Резолуција во Собранието со која се осудува наводниот геноцид над Албанците во Македонија во периодот од 1912 до 1956 година, што коинцидира со сега веќе неуспешната иницијатива на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, за ревизија на тужбата на БиХ против Србија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

-Призренската лига е втемелена како големоалбански проект, од кој Албанците не се откажале ни во времето на фашизмот, комунизмот, демократијата, настојувајќи дека како стратешки партнери светскиот нарко-бизнис проект ги обединува сите Албанци на Балканот и финализираат во време кога нема власт, анализира српскиот весник.

Шекеринска потврди дека СДСМ би поддржал и резолуција во која Србија би се осудила за геноцид врз Албанците

Потпретседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска поддржува документ или резолуција кој би покажал дека во периодот пред Втората светска војна, во Македонија се случил геноцид врз Албанците.

Според Шекеринска, резолуција која што би го осудила страдањето на граѓаните, односно на цивилното население пред Втората светска војна во Собранието ќе се усвои со консензус.-

-Она што го прашувавме и кај другите политички партии, во принцип немаше многу јасна претстава што се очекува од таквата резолуција и дека она што била почетна цел е да се осудат страдањата на граѓаните, на цивилното население во периодот на минатиот век, пред Втората светска војна. Таков концепт кој покажува дека сите заедно сме страдале, кој што покажува дека војните и поделбите и донеле лошо на оваа земја и нејзините луѓе. Тоа мислам дека со консензус во Собрание ќе се усвои, рече Шекеринска.

Потпретседателката на СДСМ вели дека нејзината партија ќе ги поддржи сите текстови во Собранието кои што ќе зборуваат за заедничките проблеми на Македонците и Албанците.

-Нашата поддршка ќе ја имаат сите текстови во Собранието кои што ќе зборуваат за заедничките проблеми, кои што ќе зборуваат за заедничките маки, макар и во минатото и кои што нема да создаваат нови непријателства, додава Шекеринска.

Села во Собрание ги обвини Македонците за геноцид врз Албанците

„Не само геноцид од годините кои се спомнуваат во платформата, туку треба да се говори и за геноцидот врз Албанците кој се случува потоа“. На овој начин пратеникот Зијадин Села кој го негираше постоењето на македонскиот идентитет и на Македонците пред 100 години, обвини за геноцид врз Албанците во Македонија.

-Има заедничка декларација на политичките албански парламнетарни партии дали сум јасен? Оваа заедничка декларација е ново во политиката тука во Македонија. Оваа заедничка декларација уште еднаш ќе повторам е на полтичките албански партии и вие може да употребувате разно, разни поими да ја нарекувате Тиранска или Приштинаска платрорма, како што сакате можете да ја наречете истакна Села.

Тој покрај тоа што потврди дека постои оваа Платформа ги обвини и Македонците дека сеуште имаат геноцидни тенденции кон Македонскиот народ.

Со прифаќањето на овој исклучително опасен документ, од една страна ризикува сериозно нарушување на односите со северниот сосед, кое може да се искористи дури и како повод за објавување војна, а од друга страна го брише идентитетот на сопствениот народ, давајќи им можност на Албанците да тврдат дека како староседелци на овие простори биле жртви на Србите и на мештаните.

Досега Заев и Соросовите медиуми упорно ја релативизираат опасноста од резолуцијата негирајќи дека двете држави ќе бидат обвинети за геноцид. Сепак, исто така во повеќе наврати тој признава дека таква резолуција е договорена со ДУИ без директно да каже кого планираат да обвинат за геноцидот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.