Српски бизнисмен нуди милион евра за главата на Морина

Српски бизнисмен од Чикаго нудел на сицилијанската мафија милион евра за главата на Албанецот кој на 14. октомври постави дрон на покривот на црквата крај стадионот на Партизан и предизвика хаос на натпреварот Србија-Албанија, пишува српски Ало.

Српската полиција непосредно по инцидентот утврдила дека најверојатно станува збор за Исмаил Морина (32) кого го снимиле камерите од блискиот интернат на Воената гимназија.

Условот кој бизнисменот го поставил на Италијанците е Морина да го фатат жив и здрав и да го предадат на неговите луѓе во Чикаго.

Предците на тој српски бизнисмен емигрирале од Србија во Илиноис по Втората светска војна. Тие биле припадници на четничкото движење и учествивале во борбите во текот на Втората светска војна, открил анонимен извор на Ало.

Што се однесува до главниот осомничен Исмаил Морина, не се знае каде се наоѓа во моментот. Се претпоставува дека се криел некое време на Апенините, затоа што бил од Фиренца,а поседувал и албански и италијански пасош.