Српски државјанин лажно пријавил кражба во Струга, па бил кривично пријавен

Полицската станица во Струга поднела кривична пријава против српски државјанин кој лажни пријавил кражба од неговото возило, информираше во четвртокот СВР Охрид.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лажно пријавување на кривично дело“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 59-годишниот Е.Д., државјанин на Република Србија со привремен престој во Струга.

Имено, на 20 јуни во 10 часот, пријавениот во полициската станица во Струга пријави казнено дело „кражба“ на две пластични стакла од предни трепкачи од автомобил „мерцедес С220“, кој бил паркиран на паркинг во близина на Основниот суд во Струга.

Тој на полициските службеници им кажал дека непознати лица, во згодна прилика ги извадиле и бесправно ги одзеле пластичните стакла од жмигавците и веднаш заминале.

Од преземените натамошни мерки, полициските службеници од полициската станица во Струга утврдиле дека воопшто не е случена таква кражба односно дека пријавениот Е.Д. лажно пријавил такво дело на негова штета.