Српски државјанин се обесил во Пробиштип

Се обеси девојка од Куманово
Се обеси девојка од Куманово

Четириесет и четиригодишен државјан на соседна Србија, бил пронајден обесен од негов пријател во петокот вечерта во Пробиштип, соопшти полицијата во саботата истакнувајќи дека станува збор за самоубиство.

На 01.12.2017 година во 18:00 часот во полициска станица Пробиштип,  Г.Ц. пријавил дека го пронашол телото на неговиот пријател Д.Т.(44) од Крагујевац.

Србинот извршил самоубиство со бесење во зграда во изградба лоцирана на улицата .„Тодор Александров“ .

Смрт е констатирана од лекар од Итна медицинска помош, а  увид на местото на настанот извршила екипа од полициска станица Пробиштип.

МВР ја известило амбасадата на Република Србија за превземање на телото на починатиот.