Српски хакери извршија напад врз турски сајтови, во меѓувреме продолжуваат апсењата на осомничени за убиството

Продолжуваат тензиите околу убиството на српскиот навивач во Истанбул, откако српскиот портал “Курир” објави дека хакери од Србија нападнале преку 200 веб страници во Турција.

На хакираните сајтови е поставена порака дека тоа е дело на српски хакери, а како одмазда за немилиот настан во кој Марко Ивковиќ беше убиен од страна на навивач на Галатасарај.

“Терористи, убивате српски деца! Нема да минете неказнето. Ве чекаме во Белград. Крв ќе се лее, освета ќе има”
, се вели во пораката, која секако треба да наиде на осуда од сите вистински љубители на спортот.

Инаку изминативе неколку дена беше актуелно апсењето на турскиот навивач за кого се веруваше дека е убиецот на Марко.

Сепак утринава дневниот весник “Хуриет” објави фото на кое може да се види повозрасен човек кој е уапсен од полицијата при обид за бегство од Истанбул во Анталија. Од полицијата сеуште не го кажуваат неговиот идентитет, но според турските медиуми станува збор за лице со иницијали А.К.

ubiec galata