понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 16

Српски Канвас и официјално призна дека дејствува во Македонија, платеничката револуција демонтирана

Самата контраверзна организација Канвас која во одредени земји се смета за терористичка групација ја ставила Македонија на мапата на своето дејствување. Тоа може да се види и во документите достапни за јавноста.

grafiti-srpski-naslovna

Поврзани вести

Аферата платеничка револуција откри дека во последните две години се исплатени 6 милиони евра за хонорари, плати и прходи на стотици луѓе, најгласните кои се во први редови изминатите недели на протестите на СДСМ во Скопје. Десетици, стотици илјади денари а некои и милионски суми си заработувале од СОРОС.

Тие платени да протестираат и одработуваат за целите на СДСМ, сакаат да креираат вештачка јавност која не е стимулирана од вредносни побуди, туку поради исклучително платенички мотови.  Сите оние луѓе кои во јавноста, претежно на опозициските медиуми се преставуваат како одредени величини, професори, граѓански активисти, судии, новинари, адвокати, јавни чичности всушност се испостави дека се платеници на СОРОС.

republika-5

Но, она што е поважно е заклучокот дека штом СОРОС има 6 милиони евра за хонорари, сигурно има многу повеќе пари кои ги дава за други намени и цели. Па така Нет прес дојде и до докази за дејствувањето на српски Канвас на територијата на Македонија и остварување на директна соработка со организации на СОРОС.

Самата контраверзна организација Канвас која во одредени земји се смета за терористичка групација ја ставила Македонија на мапата на своето дејствување. Тоа може да се види и во документите достапни за јавноста.

kanvas mapa 1 (1)

Освен тоа, Срби кои се дел од Кавас во Македонија овие денови присуствувале и биле дел од разно разни тренинг обуки кои се одвивале во организациите кои се дел од аферата платеничка револуција за која во изминатите денови објавивме податоци.

Со други зборови, СОРОС купува за пари, а Канвас испорачува.

Обединетите Арапски Емирати го ставаат движењето Канвас во исти ранг со Ал Каеда. Нивното потпомагање во организацијата и спроведувањето на обоени револуции ги вклучува симнувањето на Милошевиќ, Евромајдан во Украина, симнувањето на Мубарак во Египет, а некои дури и веруваат дека Канвас е вклучена и во убиството на рускиот политичар Борис Немцов.

Групацијата која се преправа дека е невладина организација и која е тренирана за да врши симнување на власта и да исценира државни удари во светот плаќа по 1.500 долари за идеи за подобра организација на демонстрации.

Претходно весникот „Вечер“ објави дека групацијата составена од Институтот Отворено општество на СОРОС, и Форум групата (уште една невладина на СОРОС не само што ја поддржуваше и финансираше македонската опозициска СДСМ, туку и нивните активисти и протести уште од 2011-та година.

Канвас кој е предводен од Срѓа Поповиќ и специјализиран за ваков тип демонстрации беше ангажиран од СОРОС за да „помогне“ и во Македонија. Канвас и Срџа Поповиќ беа инструмент за создавањето хаос во Украина.

Срѓа Поповиќ - Српски Канвас

Срѓа Поповиќ – Српски Канвас

Членовите на Канвас имаат целосна забрана за влез во Русија, но во македонскиот главен град се добредојдени. „Вечер“ тогаш објави дека Канвас составил меморандум за македонските студенти (неколку недели пред студентските протести минатата година) дека најдобрите идеи ќе бидат наградени со 1.500 долари. Ова е еден од повиците на СОРОС за финансирање на наводно ненасилни протести кои треба да ги осмислат учесниците во школата за граѓанско општество.

Документот објавен во „Вечер“

Документот објавен во „Вечер“

Во повикот наведено е дека право на пријавување имаат учениците од шесте генерации ученици тренирани од Канвас. Во него е наведено дека ќе бидат прифатени две идеи за протести, при што поединечен проект ќе се финансира со 1.500 долари. Рокот за пријавување е 28 јануари 2015 година, а пријавите треба да се достават кај Соња Исмаил, ќерка на Гунер Исмаил и дела од аферата платеничка револуција. Очигледно тогашните идеи за протест денес се остваруѕваат на дело.

Најчитани вести