Српски „Курир“: Заев лажел дека разговарал со Шалом за безбедноста

Српски „Курир“: Заев лажел декаразговарал со Шалом за безбедноста
Српски „Курир“: Заев лажел декаразговарал со Шалом за безбедноста

Лидерот на македонската опозиција Зоран Заев е фатен во лага, пишува српски „Курир“ кој неговиот потег во оценува како блам.

Тој за време на посетата на Израел на 12 октомври се сретна со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Силван Шалом, по што изјави дека разговарале за кооперација меѓу двете земји, земјоделство, телекомуникации, одбрана на земјата и образование на војската, како и дека добил документи за скандалот со прислушувањето кој ја потресе Македонија годинава, пишува „Курир.рс“.

Меѓутоа откако веста за средбата е објавена, Шалом соопшти дека се сретнал со Заев, но средбата била кратка и куртоазна, дека разговрале само за некои општи теми како на пример пособрувањето на односите меѓи двете зејми, но дека во ниту еден момент не споменале војна, економска соработка, ниту прислушување, се вели во текстот на српски „Курир“.