Српски медиуми: Клинтон не’ бомбардираше поради Левински

Звучи мошне неверојатно, дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон наредил бомбардирање на Србија пред 15 години за да го ублажи скандалот со Моника Левински. Но, српските медиуми го тврдат токму тоа!

Откако беше обелоденета тајната врска меѓу Клинтон и Моника Левински, неговата советничка Мињон Мур, го советувала да превеземе други активности за да со сврти вниманието на јавноста во друг правец, пишува српски Курир.

Всушност, од петокот, Националната архива на САД почна да ги обелоденува оние 2.500 доверливи документи на американската администрација во кои се најде и меморандумот на Клинтон и некогашната негова советничка Мињон Мур. Во него таа го предупредува лидерот дека под итно треба да ја врати довербата на јавноста дејствувајќи на различни области, што подразбира и соборување на некогашниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ, а при тоа да се повика на сите можни сили.

Затоа, заклучуваат по порталот, токму тоа и се случило, Америка ја нападна Србија за да се прикрие аферата меѓу Клинтон и Левинска.

Мур истотака го советувала Клинтон да се повика на Бога и на тој начин да ја зацврсти својата политичка акција, пренесува американскиот весник New York Times цитирајќи ја изјавата на Мур од меморандумот. Набрзо по ова Клинтон ја бомбардирал Србија, а таа акција НАТО ја нарекува “Милосрден Ангел”.

Обелоденувањето на документите, исто така ги потврди претходните шпекулации дека Клинтон парично ја помагал опозицијата во Србија. Се испостави дека тој во јули 1999, на самитот за Пакт за стабилност на Југоисточна Европа се обврзал дека ќе даде дури 12 милиони долaри на странки, синдикати, студентски здруженија како и невладини организации и на независните медиуми чија главна цел била да работат на соборување на Милошевиќ. Проектот, наречен “Прстен околу Србија”, исто така подразбира и распоредување на мрежа на радио-предаватели во соседните земји на Србија за да во неа се намали влијанието на државните медиуми и слободно да се шират информации од Западот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.