Српски медиуми: Македонија жртва на конфликтот помеѓу Русија и Западот за „Турски тек“

Според ставовите на експертите, ЕУ ги стави балканските земји во ситуација да мора да се одречат од гасоводот „Турски тек“, така што го режираше нападот во Куманово, со цел да ја дестабилизира Македонија, пишува српски Телеграф.

Телеграф се повикува на ставовите на голем број политички и економски експерти од Регионот, како и на сознанијата на разузнавачките служби во регионот, дека зад вооружениот судир што се случи минатиот викенд во Македонија се крие борбата за енергетска и економска превласт на Балканот.

„Познавачите на приликите во нашиот регион коментираат дека ЕУ се обидува со сите сили да ја спречи изградбата на гасоводот, за да ја намали зависноста од Русија и на тој начин да се заштити од руското политичко влијание. Македонија многу се надеваше на гасификацијата што би и ја донела изградбата на гасоводот „Јужен тек“ и  се најде затекната кога проектот на иницијатива на ЕУ беше откажан. Меѓутоа Македонците видоа повторно шанса за себе кога Путин го најави новиот „Турски тек“ што би требало да минува низ Турција, Грција, Македонија и Србија, затоа што на тој начин од неважни тие станаа мошне важни актери во целата приказна. Премиерот Никола Груевски истакна дека во тоа видел нова прилика за гасификација на Македонија, како и за солидна заработка од транзитот на гас преку нивната територија. За жал, плановите и интересите на ЕУ се целосно спротивни од оние што ги има Русија или Македонија“, пишува српскиот портал.

Понатаму, во текстот се посочува дека експертите во Регионот велат оти токму поради ова ЕУ ги ставила балканските земји во ситуација да мора да се откажат од „Турски тек“ и тоа така што го режирала нападот во Куманово, за да ја дестабилизира Македонија.

„Воедно, по веќе испробаниот рецепт, Запад за своите цели најде и адекватен соработник, лидерот на македонската опозиција, кој е подготвен се да направи за ЕУ, само за да ја добие поддршката и на тој начин да дојде на власт. Во нивната заедничка цел се обезбедени и снимките од прислушуваните разговори, за потоа да му бидат дадени на Зоран Заев. Целта на објавување на овие разговори е секако, рушењето на владата на Никола Груевски кој досега докажа дека секогаш во прв план ги става интересите на неговата земја и не се потчинува на интересите и барањата на ЕУ – во спротивно тие не би дозволиле рушење на неговата власт. Истовремено, опозицијата веќе еднаш на прес-конференција јавно се изјасни дека е против „Турски тек“ и ја критикуваше владата дека прифатила скап проект“ , се вели во текстот.

Во прилог на тезата дека конфликтот во Македонија и искористувањето на опозицијата како средство за остварување на интересите на ЕУ „Телеграф“ ја цитира и изјавата на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во Белград, кој оцени дека нападите во Куманово се добро подготвени терористички акции. ЕУ, според него не треба да зазема кукавички став, дека се работи за изолирана епизода.

– Убеден сум дека Брисел знае, ама дека со тоа ја оправдуваат неефикасноста на сопствените напори, истакна Лавров.

Тој наведе дека и овде можеби станува збор за менталитет на конфротација, но напомена дека паралелно се има впечаток дека тоа се случува во контекст на одбивањето на Македонија да ги воведе санкциите кон Русија и подготвеноста на Скопје да учествува во проектот „Турски тек“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.