Магазин

Српски поети гостуваат во Друштвото на писатели на Македонија

Српски поети гостуваат во Друштвото на писатели на Македонија

Утре (вторник, 3 јуни) во Друштвото на писателите на Македонија, во 13 часот, ќе се одржи литературна средба со учество на истакнатите српски поети Радомир Андриќ, претседател на Здружението на писателите на Србија, Душан Стојковиќ, Јеремија Лазаревиќ, Миодраг Јакшиќ и Милица Лилиќ.

На средбата свои стихови ќе чита и Гордана Стојковска, член на македонската и на српската писателска асоцијација. За творештвото на гостите од Србија ќе зборува писателот Христо Петрески, а средбата ќе ја отвори поетот Кочо Топузоски, секретар за меѓународна соработка на Друштвото на писателите на Македонија. Програмата ќе ја води Андријана Коровешовска.