Српски професор создаде најмоќен пророден лек

Професорот Џурица Поповиќ, кој е директор на Институтот за печурки засега е единствениот на планетата кој успеал да создаде печурка Cordyceps Sinensis, вон Хималаите, кои се нејзин природен дом.

Оваа печурка е многу лековита и е најсилниот природен антибиотик на светот. Таа е многу мала и расте од глава на инсект. Цената на оваа моќна билка изнесува дури 50 илјади евра за килограм!

Поповиќ, инаку дипломиран биолог-генетичар, веќе 20 години е еден од најуспешните членови на научниот тим на Српската академија на науките. Долго трагал за најделотворните печурки кои можат да се применат во производство на препарат против здравствени проблеми.

pecurki

Тој со својот им дошол до големо откритие. Имено, успеал да ја одгледа скапоцената Cordyceps Sinensis, која успева на подрачјето на Непал и Тибет. Нејзината лековитост ја потврдиле сите најголеми светски установи.

Оваа печурка расте на многу необичен начин, се развива од еден вид гасеници или мравки кои ја проголтуваат нејзината спора и поради големото количество протеин од утробата на инсектите израснува Кордицепсот.

Оваа печурка е најсилен антибиотик на светот која ги неутрализира токсините, ја поттикнува регенерацијата на ќелиите и има силно антитуморно дејство.