Српскиот долг намален за пола милион евра

Надворешниот долг на Србија во јули оваа година изнесувал 25,25 милијарди евра, што е за над половина милион помалку отколку во декември лани, објави Народна банка на Србија.

Во најновиот статистички билтен на централната банка наведено е дека приватниот сектор во јули долгувал 12,22 милијарди евра, додека долгот на јавниот сектор бил незанчително повисок, односно 12,88 милијарди евра.

Според податоците на НБС, приватниот сектор од почетокот на годината до јули го смалил долгот за скоро милијарда евра, од 13,16 на 12,22 милијарде. Во исто време, јавниот сектор своите долгови ги зголемил од 9,18 на 9,42 милијарди евра, односно за околу 240 милиони евра.

Најновите податоци НБС покажуваат дека државата и претпријатијата најчесто се задолжуваат на долг и среден рок и вкупниот износ на тој долг во јули изнесувал 25,08 милијарди евра, додека краткорочниот долг во истиот месец изнесувал 0,147 милијарди.

Долгот по основ на еврообврзници во јули износувал 3,91 милијарди евра, а на пример долгот кон Лондонскиот клуб на доверители 0,28 милијарди.

Државата и претпријатијата на меѓународните финансиски оргнаизации им должеле 7,28 милијарди, а на владите и на владините агенции 3,11 милијарди евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.