Српскиот крал на дрогата го бара цел свет, а никој не му може ништо!

Најмоќниот балкански дилер на дрога, кој живее во Белград, 30 години не е уапсен во Србија, затоа што задачите ги врши преку посредници, па никогаш немалодокази кои би го поврзале со шверц на дрога, а можно е и да плаќа многу државни службеници, пишува „Блиц”.

„Ако има соработници кои можат да бидат детектирани со следење на неговите контакти и по трагите на парите, бидејќи тие кртовисе на неговиот платен список. Можно е и да плаќа многу државни службеници. Тоа се оние кои му е овозможиле да разграни многу легални бизниси”, соопштиле од  полицијата.

Бидејќи задачите се вршат преку посредници, како што се наведува, но и поради соработкатасо странски разузнавачки служби, избегнал апсење во Европа, Јужна Америка и Турција.

Инспекторитекои со години го следат овој шеф, чие име белградските весници не го наведуваат, тврдат дека го избегнувал апсењето во Србија, бидејќи никогаш немало докази за да го поврзат со шверц на дрога. Тој ги поврзува главните производители на кокаин од Јужна Америка и хероин од Турција со шефовите на дилерската мрежа во Европа.

„Со сите комуницира преку посредници, не зборува по телефон. Затоа, во Србијаникогаш не се собрани докази за негово апсење”, велат до полицијата.

Единствен налог за негово апсење постоел во времетона акцијата „Сабја”, и тоа поради врската со Земунскиот клан, бидејќи со негова помош, како што пренесува „Блиц”, наводно дрогата ја набавувал Душан Спасојевиќ.

Кога почнал конфликтот внатре во кланот и кога Спасојевиќ се обидел да го ликвидира Љубиша Буху, кралот на дрогата се „засолнил” во Лондон, каде што останали по атентатот на Зоран Ѓинѓиќ.

По бегството во Лондон, се вратил во Србија, а во Белград разгранил легален бизнис, градење на згради и ресторан.

По многу години, полицијата за прв пат влегла во неговата куќата во јануари во акцијата “Гром”. Во куќата е пронајдено оружје, а тој е повикан во  полиција. Сепак, оружјето било регистрирано на  членовите на неговото семејство.

„Блиц” пишува дека полицијата кажала дека овој жител на Ѕвездара со години е интересен за странските служби, кои често испраќаат барања за негова проверка. Ваквите барања често пристигнувалеод регионот, земјите од Западна Европа, Америка и Канада.

Тој соработувал со странски служби вели полицијата.

Влијанието и моќтакоја ја имал овој жител на Ѕвездара, кој израснал на улицата Милан Ракиќ, во подземјето никогаш не се изменила. Тој е помоќен од Аркан, наведува „Блиц“.