Балкан

Српските адвокати на тридневен штрајк

Српските адвокати на тридневен штрајк

Адвокатите во Србија од денеска стапуваат во тридневен штрајк во знак на протест поради одлуката за зголемување на даночните обврски за паушално плаќање на давачки.

Поради штрајкот нема да се одржуваат судења, истраги и сослушувања во полиција или Обвинителство во случаите каде според закон е неопходно присуство на адвокат.

– На собранието на Адвокатската комора на Србија е донесена одлука до 27 јуни во штрајк да стапат сите адвокати во земјата, изјави за Танјуг претседателот на комората Драгољуб Ѓорѓевиќ.