Српските градоначалници во Косово имаат рок до петок да ја конституираат власта

Новите водачки структури на четри општини на северно Косово имаат време до петок да положат заклетва и да одржат инаугурациона седница, ако сакаат да бидат легитимни претставници на граѓаните на северно Косово. Во спротивно изборите во овие општини може да бидат прогласени за неважечки, пренесува РТВ Косово.

Српските градоначалници инсистираат дека за одржување на основачко собрание и полагање заклетва да користат неутрални документи, а Владата на Косово не го прифаќа тоа.

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјавил дека пристапните седници во чтрите северни општини ќе бидат одржани во рамките на законите и Уставот на Косово.

Рокот за воспоставување на четирите српски општини на севернот на Косово истекува на десети јануари, односно во петок. Одржувањето на свечените основачки собраниа на обштините, претходно беше планирано за 24 декември, но истите не беа одржани бидејчи новоизбраните градоначалници не прифатиле на документите да има било какви државни обележја на Косово.