Српските пејачи со вртоглави хонорари за најлудата ноќ

Аца Лукас заврши во болница

Српските пејачи со вртоглави хонорари за најлудата ноќ . Се ближи Нова Година, а со неа и новогодишните настапи на српските пејачи. Еве колку пати чинат настапите на Здравко Чолиќ, Сека Алексиќ, Аца Лукас, Наташа Беквалац и други.

Како што пишува Информер, познатиот Чола е на прво место. Тој за настап во Будва ќе добие дури 80.000 евра, додека Аца Лукас ќе пее во дијаспората за 50.000 евра.

Сека Алексиќ се пее во Белград за 35.000 евра, а Наташа Беквалац за 25.000 евра. Во Врчин, во близина на Белград ќе настапува Рада Манојловиќ која ќе добие 20.000 евра. По ова следат хонорарите на Дара Бубамара во Дизелдорф и на Дарко Лазиќ во Виена.

Ситни 16.000 евра ќе добие Милица Тодоровиќ во Загреб. Сепак, засега не е познато колку пари ќе искешираат сопствениците на познатите угостителски објекти за настапот на Цеца, Горан Бреговиќ, Јелена Карлеуша и Жељко Јоксимовиќ.