Српските пратеници во Косово против формирање на косовска армија

Српските пратеници во косовскиот Парламент нема да учествуваат на седницата на 5 мај, на која ќе се гласа за формирање на косовската армија, соопшти независниот пратеник Миливое Стојановиќ.

Стојановиќ изјави дека ниту една земја од регионот не му се заканува на Косово, а безбедноста на земјата е гарантирана од силите на НАТО -КФОР и мисијата на Европската унија – ЕУЛЕКС.

Тој го повика премиерот Хашим Тачи од дневниот ред на Парламентот да го повлече владиниот предлог за измени во Уставот и на предлог законот за трансформирање на Силите за безбеднист на Косово во Вооружени сили на Косово.

Пратеникот подвлече дека вооружените сили се скапа инвестиција и затоа многу подобро е Владата парите наменети за армијата да ги употреби за решавање на социјално-економските и другите актуални проблеми во Косово.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.