Српските власти не ги уважуваат решенијата за половни возила издадени од македонска компанија

Голем број сосптвеници на автомобили се јавиле во редакцијата на српски „Курир“ со инфомација дека се издаваат невалидни потврди за техничките карактеристики на половните увезени автомобили. Кога се увезуваат автомобили често е потребна и потврда за да се регистрира возилото која што ја издава овластена организација, а потоа Агенцијата за безбедност во сообраќајот го издава Уверението неопходно за регистрација.

За срспки Курир овие информации ги потврдил Милан Божовиќ, в.д. директор на Агенцијата за безбедност на сообраќајот.

-Потврдите на АМ Церт не се важечки заштоа што Аутомакедонија АД не е сопственик на базите за технички карактеристики, додека германскиот ТУВ Норд нема основано фирма регистрирана во Србија за оваа дејност. Од почетокот на примената на Правилникот за испитување на возилата, како и на системот за контрола на возилата што се увезуваат како употребувани, а во согласност со дописот на Министерството за сообраќај, каде како бази кои што ги содржат одговорачките технички карактеристики наведени се ТУВ (Германија) и ДЕКРА (Германија) досега Агенцијата за безбедност во сообраќајот ги прифаќала потврдите на ТУВ Реиленд ИнтерЦерт и ДЕКРА, кои што се регистрирани во Србија, а чии сопственици се споменатите германски фирми, појаснува Божовиќ.

Од друга страна, директорот на АМ Церт Бојан Евтимовски изјавил дека компанијата има статус на технички партнер на Норд Мобилитет од Германија и право за посредување при издавањето на сертификатите од базата на ТУВ. Тој додава дека АМ Церт го застапува ТУВ Норд и дека е овластен за работа на територијата на Македонија, Србија, Република Српска, БиХ и Црна Гора.