Балкан

Српското МВР во акција, кој е кртот во Владата на Вучиќ

Српското МВР во акција, кој е кртот во Владата на Вучиќ

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ оформи тим кој треба да истражи од кого протекуваат информации од седниците на Владата, како и одлуките со ознаката „Доверливо“.

Во изјава за српски Курир, Стефановиќ потврдил дека добил налог од премиерот Александар Вучиќ да испита кој изнесува доверливи информации од Владата.

„Истрагата е почната. Се случуваше во одредени медиуми да се појават информации кои имаат ознака „Доверливо“. Ќе спроведеме истрага за да ги провериме информации кои излегуваат во јавноста од кое ниво доаѓаат, бидејќи се достапни за голем број на луѓе. Не мора тоа да бидат министерите, туку може да се и луѓето кои ги подготвуваат овие информации“, вели Стефановиќ.