Српското Собрание денеска избира Влада

Собранието на Србија денеска на посебна седница избира Влада, а Александар Вучиќ ќе ги претстави плановите и мерките за четиригодишниот мандат.

Изборот на владата и полагањето заклетва на претседателот и членовите на владата е единствената точка на дневниот ред на седницата.

Мандатарот Вучиќ ќе изнесе детално експозе, кое е напишано на околу 70 страници и се очекува неговото претставување да трае околу три часа.

Владата ќе има 19 членови, меѓу кои ќе бидат и двајца министри без ресор и премиерот.

Согласно Законот за влада, владата ја бира Собранието, по конституирањето, на предлог на мандатарот. Собранието одлучува за изборот на владата во целина, а таа се бира со мнозинство гласови од вкупиот број на пратеници.