Срушени оџаци, оштетен автомобил- последици од вториот силен земјотрес што се случи попладнево.
Речиси низ целиот град парковите околу зградите се преполни со луѓе, со мали деца, изнемоштени и стари лица, кои ги напуштија повисоките катови на зградите и сега немаат смелост да се вратат.
Кај некои објекти се вклучија и алармите, што дополнително ја зголеми загриженоста.
Поради силниот земјотрес беше евакуиран трговскиот центар Капитол мол во скопската населба Аеродром.
Заради земјотресот, беа оптоварени и телефонските врски, па потешко се добиваше конекција, бидејќи луѓето постојано се јавуваат до своите блиски за да прашаат како се.