Македонија

Политичкиот договор нема да влијае врз бизнисот

Политичкиот договор нема да влијае врз бизнисот
Политичкиот договор нема да влијае врз бизнисот

Дел од бизнис заедницата не очекува имплементацијата на политичкиот договор да влијае врз бизнисот, односно вработувањето и инвестициите во наредниот период.

Причина за тоа, како што изјави денеска претседателот на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори (ССК), Саша Огненовски, е долгорочноста на договорот, односно неговата примена на малку подолг период.

– Не би можеле да прогнозираме какво ќе биде влијанието на синоќа постигнатиот политички договор. Но, дологорочноста на неговата имплементација сметаме дека ќе ги ублажи влијанијата и нема да се почувствува во бизнис секторот. Ако беше кракторочен, секако ќе имаше влијание, истакна Огненовски пред јавната расправа за краткорочната ИКТ стратегија 2016-2017.