ССК организира Инфо ден за образовната програма „Еразмус плус“

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска организираат Инфо ден за европската образовна програма „Еразмус плус“.

Компаниите членови на ССК, ќе се запознаат со можностите кои ги нуди програмата „Еразмус плус“,  а се со цел збогатување и надоградба на вештините и компентенциите на кадарот што е предуслов за поголема конкурентност на пазарот на труд.