ССК: Пакет од 65 мерки за подобрување на условите за бизнис

ССК: Пакет од 65 мерки за подобрување на условите за бизнис
ССК: Пакет од 65 мерки за подобрување на условите за бизнис

На редовната годишна седница на Собрание на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), беа презентирани вкупно 65 мерки за подобрување на условите за бизнис во Република Македонија. Претседателот на ССК, Данела Арсовска, истакна дека пекетот мерки е структуиран во неколку категории: фискална политика, законска регулатива и административни бариери, градежништво и недвижности, енергетика, унапредување на пазарот на труд, трговија како и развој на ИКТ секторот.

„Предлозите произлегоа од редовните седници на Управен одбор на ССК, како и на Управните одбори на 19. секторски и регионални комори. Како позначајни би ги одвоиле формирање на фондови за одобрување на строго наменски кредити со пониски каматни стапки со цел стимулирање на извозот на извозно ориентираните компании, како и зголемување на финансиските средства за компании управувани од жени менаџери. Потребно е да се направи значаен чекор кога е во прашање легислативата, бидејки за бизнис секторот е предизвик следењето на бројните и чести промени на законите. Време е кога Македонија како најбрзо растечка економија во регионот и земја која е една од најдобрите за водење бизнис во светот да се посвети на поголема поддршка и стимул на приватниот сектор. Со  зголемување на бројот на работни места да се стремиме и кон зголемување на стандардот и подобар квалитет на живот на граѓаните“, изјави Арсовска.

Од минатиот пакет на 77 мерки, кој беше доставен до Владата на Република Македонија, околу 80% се прифатени, усвоени или во реализација.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.