ССК и вицепремиерот на Турција остварија средба

Како што соопшти ССК, на средбата станало збор за работна посета на Република Македонија од страна на официјална бизнис делегација од Република Турција во насока на подобрување на трговската соработка помеѓу двете држави. Дополнително на средбата е дискутирано и за потенцијалите во областа на туризмот, како и можностите за инвестирање од страна на големи турски корпорации во Република Македонија.

Турција претставува значаен економски партнер на Македонија и во согласност со последните податоци е на осмо место по обемот на трговската размена со Македонија. Во првите седум месеци од 2016 година обемот на трговската размена помеѓу двете земји изнесува 215.146.000 евра, кој бележи зголемување во споредба со тој период од минатата година со износ од 24.618.000 евра.