ССK задоволни од новиот моделот за исплата на породилно

Изборот на моделот Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) да ги исплаќа надоместоците за породилно отсуство и за боледување ќе ја подобрат и олеснат работата на компаниите и ќе биде во корист на граѓаните, смета Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

-На работниот состанок во октомври годинава, на кој ФЗОМ одржа презентација на проектот „Побрза исплата на породилните надоместоци и боледување“, компаниите членови на ССК, го поддржаа проектот и новините кои од технички аспект, ќе ја подобрат и олеснат работата на компаниите. Со намалување на административните процедури и документација, која во најголем дел се предвидува да биде електронска, ќе се заштеди време и ќе се постигне крајната цел на проектот – задоволни граѓани – вели претседателката на ССК, Данела Арсовска.

ССК, вели таа, и понатаму како за ова законско решение, така и за сите идни, останува отворен за соработка и дискусија со насока на изнаоѓање на квалитетни и ефикасни решенија во интерес на компаниите, но и на крајните корисници.