ССМ: Бараме зголемување на платите од 5 отсто

Сојузот на синдикатите на Македонија бара зголемување на платата во јавниот сектор за 5 проценти.

На седницата на комисијата за труд и социјална политика на која се одржа Јавна расправа на тема Предлог на закон за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, синдикатите дадоа подршка за ова предложено законско решение од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, со кое се предвидува да се зголемат платите во јавниот сектор за 5 отсто со исплата почнувајќи од јануари 2018 година и 5 отсто  со исплата за јануари во 2020 година.

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија како репрезентативен синдикат на јавниот и приватниот сектор, Живко Митревски, истакна дека ги подржува овие предложени законски измени со кој се предвидува зголемување на платите во јавниот сектор, вооедно посочувајќи дека сите политички партии во своите програмии ветуваа зголемување на платите.

Воедно истакна дека со донесување на законот за минималната плата кој беше донесен во соработка на Владата со Синдикатите се подобри економската моќ на граѓаните.

„Нема синдикат кој не бара покачување на платите. Голем број на граѓани кај нас очекуваат зголемување на платите во јавниот сектор. За 2018 година има простор за зголемување на платите“, изјави Митревски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.