ССМ: Царовска врши директен атак врз борбата на синдикатите

Претседателката на Советот за социјална политика со денешната прес конфернеција и тврдења врши директен атак врз борбата на синдикатите да учествуваат и да вршт контрола врз сите средства кои што работницие ги одвојуваат во фондовите, се вели во писмената реакција од Сојузот на синдикати на Македонија на прес конференција на Маја Царовска од СДСМ која членувањето на Живко Митревски во Управниот одбор на ПИОМ го нарече скандалозно.

„Добро е што како резултат на упорните барања на синдикатите Владата на РМ ги усвои барањата на синдикатите и овозможи во Законот за ПИО во управниот одбор покрај претставници на Владата и министерствата да учествуваат и претставници на репрезенативниот синдикат – член на Економско-социјалниот совет – 1 претставник и по 1 претставник од Здружението на работодавачи – член на ЕСС – 1 претставник и Сојузот на здруженија на пензионери во Македонија – 1 претставник. Согласно член 156 , став 2 , алинеа 3, претставник во Управниот одбор е репрезенативниот синдикат член на ЕСС , а во конкретниот случај врз основа на одлука на ЕСС како претстасвник од репрезентативните синдикати предложен е д-р Живко Митревски – претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија“, се вели во реакцијата.

Оттаму нагласуваат дека не се работи за одлука на Владата кој ќе биде член, туку предлогот е од Економско социјалниот совет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.