ССМ им нуди помош на стечајците да го остварат своето право

Сојузот на синдикати на Македонија, преку своите правни застапништва, им нуди помош на стечајните работници да го остварат своето право кое што произлегува од Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата во период од 2000-тата до 2004-тата година.

Овој апел го упати денеска претседателот на ССМ, Живко Митревски, кој нагласи дека сите работници треба да ги искористат бенефициите кои што ги нуди овој закон.

„Апел до сите оние работници кои треба да ги искористат бенефициите кои ги носи законот за стечајни работници истите  да ги повикам слободно да се обраќаат во просториите на сојузот на синдикати…  со цел да им помогнеме тоа право да можат да го реализираат“, рече Митревски.

Со овој закон се опфатени лицата кои останале без работа како резултат на приватизација на компанијата која била во државна или доминантна државна сопственост.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.